Centar.mk
КУЛТУРА

Објавена „Македонската борба за државност меѓу Сцила и Харибда“ од Владо Поповски – значајни дела за македонската историографија по повод 35 години „Матица“

По повод 35 години од своето основање, „Матица македонска“ објавува и нови, значајни дела за македонската историографија. Објавена е книгата „Македонската борба за државност меѓу Сцила и Харибда“ од истакнатиот универзитетски професор, историчар и општественик, Владо Поповски. Во ова дело, Поповски студиозно пишува за македонското националноослободително движење од втората половина на 19. век до крајот на Балканските војни и Букурешкиот договор во 1913 г., Станува збор за книга што и според оцените на рецензентите, се вбројува меѓу оние изданија што треба да ги има во секој македонски дом.

Книгата „Македонската борба за државност меѓу Сцила и Харибда“ е составена од осум поглавија и два прилога во хронолошки пресек. Во првото поглавје „Националните и државно-правните концепции на македонското ослободително движење во Источната криза“ ги анализира и согледува идеите за ослободување на Македонија во тој период. Студијата „Ставот на Димитар Поп Георгиев Беровски по прашањето за македонска државност“ е дополнување на ова поглавје и претставува придонес во историографијата на македонското националноослободително движење.

Третото поглавје „Борбата за македонска државност: востанија и политички институции на Македонците во Источната криза/1875-1880“ е посветено на две од востанијата во тој период – Разловечкото и Македонското/Кресненското востание и дејноста на Македонската лига. документи, познати на македонската јавност, Поповски ја преутврдува дифинитивната цел на ослободителното движење за создавање на македонска држава.

Во текстот „Поразот на идејата за Македонија во Балканските војни: причини и фактори“ посебно е посветено внимание на внатрешните и надворешните причини за овој негативен резултат. Своевиден продолжеток на таа тема се следните две поглавја од книгата: „Македонската национална судбина и руската политика/1860-1913 год.“ и „Судирот на македонскиот и рускиот фактор по прашањето за формирање македонска држава од Берлинскиот конгрес до Балканските војни“.

Седмото и осмото поглавје во книгата, „Македонија и политиката на европските сили – Букурешт 1913 година како повод“ и „Деноминација на Македонија и деконструкција на македонскиот народ – обид Балканот да се замисли без Македонија и Македонци“ се содржински поврзани. Тука се анализираат етапите што довеле до распарчувањето на Македонија, кои претходат на обидите за бришење на македонското име на овој дел од Балканот и самото име на Македонците.

Книгата „Македонската борба за државност меѓу Сцила и Харибда“ е четиринаесетта монографија на Владо Поповски, а се вбројува меѓу најзначајните книги за македонската историја објавени во последнава деценија.

Во претстојниот период, по повод својот јубилеј, „Матица македонска“ најавува дека ќе бидат објавени и други дела од ваков формат.

Можеби ќе ве интересира

Објавен романот „Немам страв“ од Трајче Стамески – психолошки трилер каков што македонската книжевност досега немаше

ДЕСК

Саем на книга ќе се одржи од 23 до 29 април 2026, под слоган “Отвори прозорец кон нови светови”

ДЕСК

„А“ – самостојна изложба на Олгица Антовска: водата како духовна инспирација

ДЕСК