Centar.mk
фото Собрание на РМ
-МАКЕДОНИЈА

Парламентарен форум на ПС на ОБСЕ за кибербезбедност во Охрид

Денес во Охрид се одржува Петтиот интерпарламентарен форум на Делегациите од Југоисточна Европа Во ПС на ОБСЕ. Темата на овогодинешниот Форум е кибербезбедноста.

Претседателот Гаши во своето обраќање нагласи дека кибербезбедноста денес не е само техничко прашање, туку тоа е прашање на национална безбедност, економска стабилност и дел од темелите на довербата на граѓаните во институциите. Улогата на парламентите е да креираат соодветни законски рамки, да обезбедат ефективен надзор и да поттикнат соработка не само на национално, туку и на регионално ниво.

Претседателот на ПС на ОБСЕ, Пере Понс преку видео порака порача дека кибербезбедноста е трансверзално прашање со кое сите се справуваме, сите сме загрижени за тоа како одговараме на кибернападите, заканите по кибербезбедноста и на дезинформациите. Од суштинска важност е институциите да имаат одговори за справување со тековни предизвици.

Генералниот секретар на ПС на ОБСЕ Монтела нагласи дека ПС на ОБСЕ преку ваквите форуми се фокусира на проактивно барање решение на проблемите кои ги засегаат не само политичарите, туку и граѓаните. Во неговото 11-годишно искуство како генерален секретар суштински вредности кои ги промовира се градење мостови, унапредување на разбирање меѓу нациите, дијалог во насока на приближување меѓу државите – постулати кои се особено важни во тековните геополитички прилики. Кибербезбедноста е еден од предизвиците со чие успешно соочување потребна е примена на споменатите вредности.
Амбасадорот на ОБСЕ, Килијан Вал во својот говор нагласи дека во регионот на Југоисточна Европа киберзаканите секојдневно растат, се забрзуваат и се пософистицирани. Младите се соочуваат со сериозни онлајн ризици, кои ја надминуваат сферата на сирова безбедност и значат заштита на нивните фундаментални права. Северна Македонија презема важни чекори во оваа сфера преку усвојување на националната стратегија за кибербезбедност, во насока на јакнење на специјализираните капацитети за сајбербезбедност.

Потпретседателот на ПС на ОБСЕ, Еугенио Зофили посочи дека кибербезбедноста е витална во борбата против криминалот и тероризмот зашто заштитата на критичната инфраструктура значи заштита на граѓаните. Државите, самостојно не може да се соочат со овој предизвик, потребен е дијалог и постојана размена на информации.

Потпретседателот на ПС на ОБСЕ и специјален претставник за ЈИЕ, Киријакос Хаџијани подвлече дека кибернападите не познаваат граници, а улогата на парламентарците е да се чувари и унапредувачи на безбедноста на граѓаните преку усвојување на робусни законски решенија во дигиталната сфера. Кибербезбедноста не е политичко прашање, ниту прашање на една држава или регион, туку е прашање кое бара обединет одговор преку одговорни активности.
Пратеничката Моника Зајкова, која е шеф на Делегацијата на Собранието во ПС на ОБСЕ се осврна на Конвенцијата на Обединетите нации против киберкриминал, која претставува сеопфатна глобална правна рамка за справување со киберкриминалот и собирање на електронски докази и ги повика колегите да ја разгледаат можноста да ја стават Конвенцијата на ОН против киберкриминал на дневен ред на нивните парламенти и да овозможат навремена и информирана дискусија меѓу пратениците, со што пратениците ќе дадат суштествен придонес кон координиран одговор на киберкриминалот кој ги одразува интересите и очекувањата на граѓаните, и кој осигурува одржлива кибербезбедност, како за сегашните, така и за идните генерации.

Во фокус на дискусиите на работниот дел на Форумот беа кибернапади во Југоисточна Европа и штетите предизвикани во последните години, преземени мерки и идни активности за превенција од кибернапади во регионот на ЈИЕ; кибербезбедност и законодавна поддршка.

Се очекува на Форумот да заврши со усвојување на финална Декларација.

Интерпарламентарниот форум на делегациите од Југоисточна Европа (ЈИЕ) во Парламентарното собрание на ОБСЕ, коорганизиран со делегациите од ЈИЕ и специјалниот претставник за Југоисточна Европа, Киријакос Хаџијани, одржа четири форуми од своето инаугурално заседание во Тирана во април 2024 година. На првиот форум во Тирана, сите учеснички делегации се согласија да го продолжат Интерпарламентарниот форум во различни земји домаќини, со фокус на една тема по секоја средба.

фото Собрание на РМ

Можеби ќе ве интересира

Ако утре сабајле слушнете детонации во кругот на касарната “Еребино” не се вознемирувајте – ќе се уништуваат минско-експлозивни средства

ДЕСК

Мицкоски: Инвестицијата од 22 милиони евра носи енергетска стабилност за Скопје

ДЕСК

Законот за Советот на Законот за јавните обвинители го помина првото читање на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и на Законодавно-правната комисија во Собранието

ДЕСК