Општина Центар ја заврши редовната пролетна дератизација на целата територија, како дел од активностите за одржување високо ниво на јавна хигиена и заштита на здравјето на жителите.
Во рамки на акцијата беа опфатени околу 2.000 шахти, со поставување специјални препарати за контрола и уништување на глодари.
Дератизацијата се реализира два пати годишно – во пролет и во есен, како превентивна мерка за планско намалување на популацијата на глодари и заштита на јавното здравје.
„Со превентивна и систематска дератизација придонесуваме кон планско сузбивање на штетните глодари кои можат да претставуваат здравствен и хигиенски ризик“, порача градоначалникот Горан Герасимовски.
фото Општина Центар
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


