Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Кривична за даночно затајување – штетата врз државата пресметана на околу 2,9 милиони денари

СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против правно лице од Струмица во стечај и против М.М.(48) од Струмица, поради постоење основи на сомнение сториле кривично дело „даночно затајување“ по член 279 став 4 и став 2 од Кривичниот законик.

Пријавениот правен субјект и М.М., во времето на сторување на кривичното дело во својство на управител со неограничено овластување, со намера да одбегнат плаќање на Данок на додадена вредност постапиле спротивно на одредбите од Законот за ДДВ така што во поднесена даночна пријава за деловната 2025 година не пријавиле излезен ДДВ по општа даночна стапка на износ од 2.792.438 денари и излезен ДДВ по повластена даночна стапка од 5% на износ од 91.325 денари. Дополнително, во текот на 2025 година, за приход по фактура на износ од 101.716 денари не пресметале ДДВ на износ од 13.308 денари по општа даночна стапка, а за приход по фактура на износ од 97.552 денари не пресметале ДДВ на износ од 4.873 денари по повластена даночна стапка.

Со таквите дејствија, пријавените во текот на 2025 година се стекнале со противправна имотна корист, односно предизвикале штета на буџетот на државата за вкупен износ од 2.909.944 денари.

Можеби ќе ве интересира

Ако утре сабајле слушнете детонации во кругот на касарната “Еребино” не се вознемирувајте – ќе се уништуваат минско-експлозивни средства

ДЕСК

Мицкоски: Инвестицијата од 22 милиони евра носи енергетска стабилност за Скопје

ДЕСК

Законот за Советот на Законот за јавните обвинители го помина првото читање на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и на Законодавно-правната комисија во Собранието

ДЕСК