Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Филипче: Мицкоски и Максим Димитриевски имаат исти карактеристики

Во одговор на новинарско прашање, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, рече дека Мицкоски и Максим димитриевски имаат исти карактеристики и дека граѓаните веќе јасно ги препознаваат.

„Ние тоа го најавивме одамна, има повеќе од една година кога укажувавме како ќе се движи оваа држава. Сега ја води една целосно недемократска власт, коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, чиишто лидери имаат многу слични карактеристики. Едниот ја предаде партијата, Максим Димитриевски, а Мицкоски ја предаде државата. И двајцата не живееле од плата, и двајцата обожаваат тендери, и двајцата ме напаѓаат и мене и СДСМ – едниот преку некаква платформа, другиот преку Српска листа. А тоа што е заедничко за двајцата е лагата – двајцата лажат и ништо друго“, порача Филипче.

Можеби ќе ве интересира

Ако утре сабајле слушнете детонации во кругот на касарната “Еребино” не се вознемирувајте – ќе се уништуваат минско-експлозивни средства

ДЕСК

Мицкоски: Инвестицијата од 22 милиони евра носи енергетска стабилност за Скопје

ДЕСК

Законот за Советот на Законот за јавните обвинители го помина првото читање на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и на Законодавно-правната комисија во Собранието

ДЕСК