Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Апсења на повеќе локации низ Скопје, Охрид, Прилеп и тетовско

СВР Скопје поднесе кривична пријава против лице(29) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 15.03.2026 во Казнено – поправната установа Затвор Идризово, при претрес на пакет наменет за пријавениот, осуденик во установата, затворската полиција пронајде и одзеде марихуана и кокаин.

На 26/27.03.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода лице(40) од Скопје, лице(19) од с.Арачиново, скопско и лице(24) од с.Горно Јаболчиште, општина Чашка, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

На 26.03.2026 во 19:15 часот во с.Камењане, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Камењане приведоа лице(78) од истото село. Тој бил баран со судска наредба за издржување затворска казна за сторено кривично дело по член 297 од Кривичниот законик. Тој е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

СВР Битола поднесе кривична пријава против лице (49) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 21.03.2026, полициски службеници извршиле претрес на патничко возило, кое го управувал пријавениот и во неговиот дом и помошни простории, при што биле пронајдени и одземени хероин и кокаин.

На 27.03.2026 во 06:15 часот во кичевско село, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево лишија од слобода лице (70) од Охрид. Тој бил баран по претходно распишана централна потерница врз основа на наредба од Основен суд Охрид за издржување затворска казна за сторени кривични дела по член 130 и член 144 од Кривичниот законик.. Лицето е спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Битола за издржување казната.

Можеби ќе ве интересира

МВР веднаш го расчисти денешното убиство во Охрид, лишен од слобода осомничениот за стореното кривично дело, следува пријава

ДЕСК

Шок во Клинички центар: Двапати се обидел да прегази медицинско лице

ДЕСК

Сообраќајна несреќа со млади лица: Возач тешко повреден, тројца завршија во болница – сите на возраст од 18-19 години

ДЕСК