Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Спасовски: Зошто не е формирана комисијата за правосудниот испит?

Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, на денешната собраниска седница за пратенички прашања упати прашање до заменик-министерот за правда, Ален Деребан, кое се однесуваше на проблемите поврзани со организацијата на полагањето на правосудниот испит. Тој ја истакна загриженоста за младите правници кои вложуваат време, енергија и средства за подготовка, а се соочуваат со одложувања поради неформирана комисија и непостоење на потребните технички услови за полагање на испитот.

Во продолжение следи интегрален текст од прашањето:

Моето прашање коешто сакам да го поставам се однесува до министерот за правда за полагањето на правосудниот испит. Знаете дека согласно Законот за правосуден испит постојат неколку сесии: февруарска, априлска, јунска, октомвриска и декемвриска испитна сесија.
Досега, според моите информации, не е формирана комисијата за полагањето на правосудниот испит. Многу од кандидатите, млади правници, коишто трошат и време и енергија и пари за патувања од Скопје итн., очекуваат можност за полагање на овој правосуден испит.

Морам да кажам дека на 16.3. 2026. година министерот Филков во едно долго известување од две реченици укажува дека нема да се одржуваат полагањата на правосудните испити заради неисполнување на технички услови.

Знаете за техничките услови потребни се две простории и потребна е комисија, која треба да биде формирана. Зошто тоа не е направено досега? Дали постојат некакви калкулации во однос на кадровските решенија коишто се во делот на оваа комисија за полагањето на испитот?

И дали повторно се праќа пораката до сите овие млади правници коишто се подготвувале за испитот во февруари дека истото ќе ги чека и во април, со оглед на тоа дека рокот за пријавувањето на испитот за во април веќе е поминат?

Знаете дека полагањето треба да биде од први до 20 април. Ако не е формирана комисијата, дали повторно во уште едно долго соопштение од две речници ќе каже министерот Филков дека сега не можел да формира комисија и повторно нема да полагаат? Значи, ова е спротивно на Законот за правосуден испит којшто овој законодавен дом го има донесено.

Можеби ќе ве интересира

Пет лица вмешани во паниката во Тетово: Полицијата приведе малолетници

ДЕСК

Драма со бебе во Радовиш: Малолетници го носеле, па забележале крв на главата

ДЕСК

Малолетник предизвика сообраќајка во Гевгелија и побегна – возач тешко повреден

ДЕСК