Centar.mk
фото скриншот/видео на МВР
-МАКЕДОНИЈА

Пет лица вмешани во паниката во Тетово: Полицијата приведе малолетници

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека по преземени оперативни мерки и активности полициски службеници од СВР Тетово денеска (26.03.2026) лишија од слобода тројца малолетници инволвирани во случаите со лажните дојави за поставени бомби во дел од основните и средните училишта во Тетово.

Во претходниот период од слобода беа лишени уште две лица од кои едниот малолетник, исто така инволвирани во случаите со лажните дојави за поставени бомби.

Против сите пет лица кои се инволвирани ќе бидат поднесени соодветни поднесоци до надлежното Обвинителство, согласно Кривичниот законик.

Можеби ќе ве интересира

Драма со бебе во Радовиш: Малолетници го носеле, па забележале крв на главата

ДЕСК

Малолетник предизвика сообраќајка во Гевгелија и побегна – возач тешко повреден

ДЕСК

Валандово на нозе: Претепана жена, нападнат полицаец – откриено нелегално оружје

ДЕСК