Centar.mk
фото скриншот/видео на МВР
-МАКЕДОНИЈА

Малолетник предизвика сообраќајка во Гевгелија и побегна – возач тешко повреден

На 25.03.2026 околу 13:30 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека околу 12:55 часот на крстосница од ул.„Деко Ковачев“ и ул.„Миле Пецанов“ во Гевгелија се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „кимко“ со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од К.Ч.(52) од Гевгелија и мопед со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, по што малолетникот со мотоциклот го напуштил местото, но набргу е пронајден и со него бил извршен службен разговор во присуство на родител.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил К.Ч., констатирани во Јавна здравствена установа Гевгелија.

Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Гевгелија.

Можеби ќе ве интересира

Пет лица вмешани во паниката во Тетово: Полицијата приведе малолетници

ДЕСК

Драма со бебе во Радовиш: Малолетници го носеле, па забележале крв на главата

ДЕСК

Валандово на нозе: Претепана жена, нападнат полицаец – откриено нелегално оружје

ДЕСК