Во четврток преку денот времето ќе биде стабилно, суво и потопло. Ќе дува умерен до засилен, а наместа повремено силен ветер од јужен правец. Од вечерните часови нашето подрачје ќе потпадне под влијание на циклонска активност која ќе услови период на нестабилно и постудено време со локални врнежи од дожд.
Пообилни врнежи ќе има во петок, кога ќе има и услови за појава на ретки грмежи.
Поради продор на постудена воздушна маса, на планините и некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во снег.
Прогноза за 26.03.2026
Минимална температура: -1°C до 6°C
Максимална температура: 14°C до 20°C
Сончево со умерена облачност. Во текот на ноќта ќе има зголемена облачност со повремен дожд во западните делови. Ќе дува засилен повремено силен јужен ветер кој ќе биде поизразен долж Повардарието
Прогноза за 27.03.2026
Минимална температура: 0°C до 7°C
Максимална температура: 6°C до 14°C
Променливо облачно со локални врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни, а ќе има и услови за појава на ретки грмежи. На планините и некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Прогноза за 28.03.2026
Минимална температура: -3°C до 3°C
Максимална температура: 6°C до 13°C
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, на некои од повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


