Centar.mk
ИЛУСТРАТИВНА СЛИКА / фото МВР
МАКЕДОНИЈА

Малолетник со пиштол се заканувал кон врсник поради девојка – полицијата го одзеде пиштолот во кој имало еден куршум

На 19.03.2026 во 15:45 часот во с.Тркање, кочанско, полициски службеници од ОВР Кочани лишиле од слобода 16-годишник од селото. Тој се сомничи дека на 13.03.2026, по претходна расправија за девојка, со пиштол се заканувал на друг малолетник од с.Оризари, кочанско.

Во присуство на родител, адвокат и социјален работник, извршен е службен разговор со малолетникот и одземени се пиштол „екол“ калибар 9 мм и рамка со еден куршум. По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

ДЕНЕСКА Е ВЕЛИКА САБОТА: Не смееме да ги правиме овие работи до полноќ

ДЕСК

Важна вест за скопјани – Посебен сообраќаен режим во централното градско подрачје денеска

ДЕСК

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво време да очекуваме?

ДЕСК