Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка на патот Скопје-Тетово: Излета сеат, има повредени

На 11.03.2026 во 16:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на регионалниот пат Скопје-Тетово, во атар на с.Арнакија,скопско, патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.И.(21) од с.Буковиќ излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Х.З.(24) од с.Форино, гостиварско, а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Пронајдена дрога на Граничен премин Стар Дојран, лишени од слобода две лица, следува пријава

ДЕСК

ДА НЕ ВЕ ЛАЖЕ ДЕНЕШНОТО СОНЦЕ, СИНОПТИЧАРИТЕ НАЈАВУВААТ НЕВРЕМЕ: Детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Поголема соработка и итна акција за воспоставување на одржливо управување со отпад базиран на кружната економија

ДЕСК