Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Синоќа евакуирани 151 граѓани од Емиратите

Вечерва на Меѓународниот аеродром Скопје пристигнаа 151 патник, како дел од групата македонски државјани кои престојуваа во Обединетите Арапски Емирати и кои успешно и безбедно беа евакуирани и вратени во државата, соопшти Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи.

Процесот на евакуација беше целосно координиран и спроведен од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, во соработка со надлежните институции. Ова уште еднаш ја потврдува подготвеноста и институционалниот капацитет на државата да реагира брзо, координирано и одговорно во кризни ситуации.

Во следните денови се очекува да биде финализирана и евакуацијата на останатите македонски државјани од погодените подрачја на Блискиот Исток, напиша Муцунски на фејсбук.

Можеби ќе ве интересира

ПРВО УКРАЛ ТРОТИНЕТ, ПА САМИОТ ПОВИКАЛ ПОЛИЦИЈА – 18-годишник пријавил дека бил нападнат по кражбата

ДЕСК

ИНЦИДЕНТ ВО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ВО АЕРОДРОМ – Малолетник нападнат со тврд предмет од соученик, мајката пријавила во полиција

ДЕСК

НАПАД КОН ПОЗНАТ БИЗНИСМЕН И ЗАКАНИ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД ВО СКОПЈЕ – 61-годишен маж нападнал друг маж и ѝ се заканувал на неговата адвокатка

ДЕСК