Centar.mk
фото скриншот/МВР
МАКЕДОНИЈА

Уапсен е сопругот на жената која заедно со ќерката падна од зграда во Тафталиџе

„Мајката и детето, во временскиот интервал пред да паднат од балконот, од внатрешната страна се заклучиле во станот, и според информациите со кои располагам, немало друго лице присутно во станот“, изјави министерот Панче Тошковски.

Според информациите кои го обелодени полицијата на 2 март, во 12:05 часот, во МВР била примена пријава за расправија меѓу сопружници.

Полицијаци пристигнале во зградата во Тафталиџе 1 по 15 минути и разговарале со жената, која подоцна изјавила дека немало физички контакт со сопругот и дека станувало збор за недоразбирање.

Инаку мажот на жената која вчера падна од зграда во Тафталиџе заедно со нејзината ќерка е уапсен.

„По усна наредба на јавен обвинител е уапсен сопругот, Стојанче Јовановски, под сомнение за сторување кривично дело. Тој се наоѓа во полициска станица, со него се работи, се обработува целокупната документација и против него ќе биде поднесена кривична пријава“, рече Панче Тошковски.

За насилникот инаку се воделе десетина кривични пријави по разни основи.

Можеби ќе ве интересира

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај

ДЕСК

Филипче: Ги повикувам сите што знаат дека со оваа власт нема иднина да се приклучат во Фронтот

ДЕСК

Шест возачи лишени од слобода поради безобѕирно управување – тројца биле под дејство на алкохол, двајца предизвикале сообраќајни незгоди

ДЕСК