Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Кузеска: Како знае ВМРО-ОКГ што ќе каже Груби, ако сè не е договорено?

Интегрален текст од одговор на новинарско прашање, Богданка Кузеска-портпаролка на СДСМ:

ВМРО-ОКГ секојдневно го потврдуваат тоа што го зборуваме од самиот почеток – уште од декември мината година, и сите овие факти што ги гледа јавноста се само потврда

Како знае ВМРО-ОКГ што ќе проговори Груби, ако сè не е наместено? Како однапред знаат и најавуваат од партиска говорница што ќе каже, па дури и листи со имиња споменуваат?

Ова дефинитивно е класична режија.

Иста беше ситуацијата кога портпаролката на Владата, Марија Митева, јавно на телевизија кажа дека однапред знае како ќе заврши судски процес против Андреј Жерновски. Кој тоа однапред знае судски пресуди? Само тие што ги договараат.

Театарот со Груби започна на граница – со очила, насмевка, камери. Само црвен килим недостасуваше и Христијан Мицкоски лично да го пречека.

Прво имало безбедносна проценка. Па немало. Дале МВР и АНБ. Па не дале. Имало странски служби. Сега слушаме – немало никаква проценка.

Тогаш врз основа на што обвинителството донело одлука? Кој ја нарачал одлуката?

Мицкоски на телевизија елиминира јавни обвинители, негов советник се назначува за судија. На сите веќе се им е јасно.

Можеби ќе ве интересира

ЦИКЛОН НОСИ ОБИЛНИ ВРНЕЖИ НА ДОЖД, ВО ДЕЛОВИ ОД МАКЕДОНИЈА ЌЕ ТРУПА СНЕГ: Синоптичарите објавија изненадувачка четириденевна прогноза

ДЕСК

Мицкоски: АД ЕСМ ги задоволува потребите на граѓаните и конзумот и продаваат струја навечер со што имаме дополнителни приходи од страна на потрошувачите

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска: И покрај предизвиците и притисокот во Буџетот, Владата внимателно и навремено презема мерки и одлучува во интерес на граѓаните и бизнисот

ДЕСК