Претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес-конференција потенцираше дека предложените измени на Законот за високо образование се катастрофални лоши, наместо унапредување на квалитетот владата воведува контрола врз универзитетите една форма тоталитаризам и создава дискриминација кај младите.
Филипче, информираше дека член 175 создава неправичен систем кој ги деградира младите кадри, а им овозможува продолжено влијание на веќе пензионирани професори.
– Додека младите наставници и асистенти се соочуваат со рестрикции автоматски исклучување и несигурност пензионирани професори добиваат право да предаваат и да користат институционални ресурси. И ова создава сериозен генерациски дисбаланс, го блокира природниот процес на академска обнова и практично го поттикнува одливот на млади кадри од државата. Наместо систем што ги охрабрува младите добиваме закон што нив ги оттурнува. Со една реченица ќе се протеруваат од државава
најдобрите умови, истакна Филипче.
Претседателот Филипче додаде ова значи партизација и контрола на власта врз клучните сектори.
– Создаваат дискриминација кај младите, ја рушат автономијата на универзитетите и отвораат врата за партизација и креираат системски и социјални неправди. Со една реченица класична вмровска работа на партизација и контрола на секој еден од секторите во државата. Со овие предложени измени брутално се централизира моќта кај министерот, односно кај владата и со тоа се нарушува автономијата на универзитетите”, рече Филипче.


