Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

ВМРО ДПМНЕ: Ако СДС се сомнева за некаков вид на криминал или корупција нека се јават на нивните судии и обвинители, тие веднаш ќе им помогнат, ако нема да се извинат за ширење на манипулации и невистини

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ:

СДС повторно растура пердуви во јавноста со цел да прикаже некаква поврзаност на ВМРО-ДПМНЕ со некакви фирми и да шири лаги и манипулации.

Кога во нивно време, тендерите и набавките беа синоним за криминал и корупција, и по „дифолт’’ одеа кај фирмите на семејствата на Заев и Филипче, денес тоа повеќе не е така.

Сите тендери и јавни набавки кои се спроведуваат се законски, отчетни и транспарентни.

Ги прашуваме СДС, дали човек смее да има фирма/бизнис, да учествува на тендер/набавка и да биде член/симпатизер на политичка партија? Дополнително, дали има некаков вид на криминал или корупција во тендерите? Ако се сомневаат во нешто, нека се јават на нивните обвинители и судии, сигурни сме дека ќе им помогнат.

Можеби ќе ве интересира

Две нови авиолинии кон Италија: Од јули од Скопје ќе се лета кон Алгеро Сардинија и кон Палермо

C +

Јавен повик за Итно копче, брза и иновативна помош за повозрасните жители на Центар

C +

Кузеска: Мицкоски со владин авион на море – работниците на протест со празни џебови

C +