Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

САД ја замрзна обработката на визи за Македонија и уште 74 земји

Американскиот Стејт департмент најави привремена суспензија на обработката на имигрантски визи за апликанти од околу 75 земји, како дел од мерките за построга примена на правилата со кои се оценува дали некој кандидат би можел да стане „јавен товар“ – односно да се потпира на државна помош и јавни бенефиции по пристигнувањето во САД.

Според информациите, од конзуларните служби е побарано да ги одбиваат апликациите врз основа на постојните законски одредби, додека се врши преиспитување на процедурите за проверка и безбедносна контрола. Суспензијата треба да започне на 21 јануари 2026 година, а не е наведено колку ќе трае.

Мерката, според досегашните извештаи, се однесува само на имигрантски визи (а не на туристички или деловни визи).

На списокот на земји кои се споменуваат во извештаите од Балканот се наведуваат Македонија, Косово, Црна Гора и Албанија, додека од Светот и Русија, Иран, Авганистан, Бразил, Нигерија, Тајланд, Сомалија, како и други држави.

Можеби ќе ве интересира

Замина Мартин Треневски: Човекот што остави белег во новинарството, дипломатијата и државните институции

ДЕСК

Масовна тепачка и апсење во Прилеп: Осум лица завршија во станица по тепачка која почнала на патен правец, а завршила во болничките ходници

ДЕСК

Скопјани пијат безбедна вода

ДЕСК