Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

НОВИ НАЈАВИ НА МЕТЕОРОЛОЗИТЕ: Повторно дожд, снег и пад на температурите – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

До петок ќе се задржи стабилно и суво време со услови за појава на утринска магла по котлините.

Температурите ќе бидат во постепен благ пораст.

Во деновите од викендот ќе има зголемена облачност со услови за слаби локални врнежи од дожд, а на планините од снег.

Дневната температура повторно ќе биде во опаѓање.

Прогноза за 15.01.2026
Минимална температура: -6°C до -1°C
Максимална температура: 4°C до 12°C

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб северозападен ветер.

Прогноза за 16.01.2026
Минимална температура: -7°C до 0°C
Максимална температура: 3°C до 11°C

Сончево и тивко со мала до умерена облачност.

Прогноза за 17.01.2026
Минимална температура: -5°C до 2°C
Максимална температура: 2°C до 9°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Вдолж Повардарјето ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Можеби ќе ве интересира

Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК

ВРЕМЕТО ДЕНЕС – До 32 степени, но чадорот не го оставајте дома: Попладне можен пороен дожд и грмежи

ДЕСК

За осум часа денеска санкционирани 116 мотоциклисти во Скопје, одземени три мотоцикли

ДЕСК