Centar.mk
БИЗНИС

Ќе продолжи ли проектот “Мој ДДВ”? На секои три месеци државата троши по 14,5 милиони евра

Директорката на УЈП, Елена Петрова вели дека не може да каже дали постои намера за укинување на проектот “МОЈ ДДВ”, во гостувањето во емисијата Топ Тема на Телма

-Не можам да кажам дека постои некаква таква одлука или намера за донесување на таква одлука. Меѓутоа, кога се работи за таква мерка за која се трошат јавни средства, секако дека треба да се погледне и да се разговара за ефикасноста на мерката и дали мерката ги дава целите заради кои што била воспоставена, вели Петрова.

Според директорката на УЈП преку оваа мерка, на квартално ниво за 2025 година, се издвојуваат околу 14,5 милиони евра за, во просек, околу 502.000 корисници.

– И овој износ секоја година се зголемува во однос на претходните години. Се зголемува и бројот на корисници, но заради тоа што се зголемува и наплатата на приходот, во просек можеме да кажеме дека за оваа мерка се издвојуваат околу 4 проценти од годишната наплата на ДДВ приход или тоа е еквивалентно на приближно половина месечен ДДВ приход“, додава Петрова.

Можеби ќе ве интересира

БУЏЕТОТ ЗА 2027 ГОДИНА ПРЕД ПРАТЕНИЦИТЕ – Планиран минус од 45 милијарди денари, почнува битката со амандманите

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027 година ги утврдува приоритетите – продолжуваме со создавање услови за економски раст и подобар животен стандард за граѓаните

ДЕСК

Вицегувернерот Величковски: По СЕПА, инстант плаќањата се следниот чекор во модернизацијата и регионалното поврзување на платниот систем

ДЕСК