Centar.mk
фото скриншот/видео на МВР
МАКЕДОНИЈА

Двајца браќа измамени за 15.000 евра

На 12.01.2026 во 11:30 часот во СВР Тетово, 70-годишен маж од тетовско село пријави дека тој и неговиот брат биле измамени за сума од 15.000 евра од лице од Тетово. Според пријавеното, во текот на 2024 година лицето му понудило нему и на неговиот брат дека може да им помогне да примаат пензија од странска држава бидејќи двајцата имале остварено работен стаж.

Како што е пријавено, тој во неколку наврати им ги барал парите како депозит, за што и двајцата потпишувале бланко листови хартија, бланко полномошно и непополнети уплатници, со цел побрзо да остварат право на пензија. После некое време, откако не била завршена работата, сфатиле дека биле измамени. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

ДРАМА ВО КАЗИНО – Двајца мажи тешко повредени со остар предмет додека разделувале тепачка, едниот префрлен во Скопје

ДЕСК

СЕМЕЈНА ДРАМА ВО ТЕТОВСКО – Татко фрлил тврд предмет кон својот 26-годишен син, кривична пријава за загрозување на сигурноста

ДЕСК

МАЈКA ДРЖЕЛА ТУЃО ДЕТЕ ЗА РАЦЕ, А НЕЈЗИНИОТ СИН ГО НАПАДНАЛ СО ТВРД ПРЕДМЕТ – Вознемирувачка пријава за инцидент во училишен двор во Скопје

ДЕСК