Centar.mk
фото Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈА

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво ќе биде времето наредните денови?

Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Утре и во вторник наместа и дневните ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.

Прогноза за 13.01.2026
Минимална температура: -14°C до -6°C
Максимална температура: -1°C до 7°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе дува умерен ветер од западен правец.

Прогноза за 14.01.2026
Минимална температура: -10°C до -4°C
Максимална температура: 2°C до 9°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 15.01.2026
Минимална температура: -8°C до -2°C
Максимална температура: 3°C до 10°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.

Можеби ќе ве интересира

Се запали сендвичара во Охрид, има повредени

ДЕСК

Трагедија: Му се слошило, па со автомобилот излетал од патот – почина возач

ДЕСК

Трагедија: Починат 47 годишен маж донесен во болница

ДЕСК