Centar.mk
БИЗНИС

Становите во оваа блиска државата поскапеле за 275%: Домувањето низ ЕУ станува луксуз поскапеа и кириите

Пазарот на недвижности во Европската Унија бележи видливо забрзување во третиот квартал од 2025 година. На годишно ниво, цените на становите пораснале за 5,5 проценти, додека кириите се зголемиле за 3,1 процент во споредба со истиот период лани.

Податоците на Евростат покажуваат дека поскапувањето продолжило и од квартал во квартал: во однос на вториот квартал од 2025 година, становите биле поскапи за 1,6 проценти, а кириите за 0,9 проценти.

Ако се погледне подолгата слика, од 2015 година до крајот на 2025 година, просечните цени на становите во ЕУ се зголемиле за 63,6 проценти, додека кириите пораснале за 21,1 процент.

Кириите, според овие движења, растат речиси континуирано и без големи потреси низ целата деценија. Кај цените на становите, пак, се гледа поголема нестабилност – периоди на мирување се менувале со фази на нагло и брзо поскапување.

По земји-членки, Унгарија се издвојува како најизразен пример за раст на цените на становите, со вкупно зголемување од 275 проценти од 2015 година. Освен неа, цените повеќе од двојно пораснале и во уште 11 земји, при што меѓу највисоките стапки се Португалија, Литванија и Бугарија, каде растот надминал 150 проценти.

На спротивниот крај од европската мапа е Финска – единствената земја во која цените на недвижностите денес се малку пониски отколку пред десет години, со пад од околу два проценти.

Кај кириите, зголемување е забележано во сите земји на Европската Унија. Најголем притисок се чувствува во Унгарија, каде кириите се зголемиле за 107 проценти. Силни скокови над 70 проценти се регистрирани и во Литванија, Словенија, Полска и Ирска, што дополнително го засилува товарот врз домашните буџети.

Можеби ќе ве интересира

Растат цените на становите во ЕУ – Унгарија рекордер со зголемување од 275%

C +

АХВ со важна информација: Оператор за храна од рафтовите повлече производ за бебиња – ако сте го купиле, не им го давајте на бебињата

ДЕСК

Со имиња на фирми и луѓе објавена најновата листа на должници: Еве кој колку должи за данок

ДЕСК