Centar.mk
фот J.S. copyright. all rights reserved
МАКЕДОНИЈА

„Снаата е тешко повредена, треба операција“: Виничанка наседнала и оставила 12.400 евра

На 09.01.2026 во 15:00 часот во ОВР Виница, 67-годишна жена од Виница пријави дека била измамена од едно лице за сума од 12.400 евра. Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како лекар и кажало дека нејзината снаа имала тешка повреда на работното место и дека се потребни пари за да се направи операција. Како што е пријавено, таа ги подигнала парите од банка и ги оставила на местото, каде што ѝ кажало лицето, но подоцна сфатила дека била измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

Неколку улици во центарот на Скопје ќе бидат затворени за сообраќај: за утре најавен протест на ССМ

C +

Мицкоски: Нема да има мигранти, тоа е измислена тема на Венко

C +

Филипче: Ние немаме работа со политички неистомисленици, туку со мафија

C +