Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈА

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ДРАСТИЧЕН ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ И ДО -10 СТЕПЕНИ: Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

Локални врнежи од снег ќе има и утре, кога ќе дува засилен северен ветер, кој ќе продолжи да дува и во понеделник. Од почетокот на следната седмица под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува стабилно и суво време. Наместа утринската температура ќе се спушти и под -10 степени.

Прогноза за 12.01.2026
Минимална температура: -12°C до -4°C
Максимална температура: -6°C до 3°C

Променливо облачно и студено со умерен, а долж Повардарјето и во источните делови засилен ветер од северен правец (над 60 km/h). Наместа ќе има услови за провејување на снег.

Прогноза за 13.01.2026
Минимална температура: -13°C до -6°C
Максимална температура: -1°C до 7°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 14.01.2026
Минимална температура: -11°C до -5°C
Максимална температура: 2°C до 8°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Можеби ќе ве интересира

(ФОТО) Филипче заедно со Пендаровски на денешната промоција на документарниот филм “Заробена вистина”

ДЕСК

ОД МИНУС ДО ПЛУС: Свежи утра и постепено затоплување преку ден

ДЕСК

Мицкоски од Виена: Определбата на Владата е јасна, градиме економија што создава, а не само троши

ДЕСК