Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Уште една жена прегазена во Скопје – итно е пренесена во болница

На 8 јануари 2026 година во 12:00 часот било пријавено дека на крстосницата на улица „Московска“ со улица „Женевска“ во Скопје, патничко возило „Цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 54-годишен скопјанец, удрило во 74-годишна скопјанка.

Во сообраќајната несреќа жената се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на полицијата.

Можеби ќе ве интересира

Осуденик нападнал друг затвореник со остар предмет во Затвор Прилеп

ДЕСК

ДРАМА ВО СОЦИЈАЛЕН ЦЕНТАР: Се заканувале, а едниот се обидел да ја нападне вработената

ДЕСК

Апсења на повеќе локации низ Скопје – Шест млади лица завршија со лисици на рацете

ДЕСК