Centar.mk
БИЗНИС

МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка

09.01.2026 година, Скопје- Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.

Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании.

Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.

Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра.

Можеби ќе ве интересира

NVIDIA СЕ СООЧУВА СО НОВА КРИЗА – Управниот одбор разгледува чувствителни обвинувања

ДЕСК

ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ЌЕ ПОМАГА ВО СОЗДАВАЊЕ ЛЕКОВИ – Нов инвестициски фонд

ДЕСК

ANTHROPIC СЕ ПОДГОТВУВА ЗА БЕРЗАТА – Компанијата би можела да вреди над 1.400 милијарди долари

ДЕСК