Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Филипче: Економијата тоне, инфлацијата го јаде стандардот на граѓаните

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешниот брифинг со новинарите укажа дека поради промашените политики на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, економијата тоне, а инфлацијата континуирано го јаде животниот стандард на граѓаните.

„Според последните официјални статистички податоци, инфлацијата никако да спласне, под 4 %. Тоа граѓаните го чувствуваат во секојдневното живеење. Има огромен раст на трошоците за живот. Индексот на цените на мало и индексот на трошоците на живот се пораснати. За 3,6 % цените на мало се зголемени, а трошоците за живот за 4,1 процент. Раст на цените има речиси во сите категории- од рекреација, култура, пијалоци, храна, мебел, покуќнина, до разновидна стока, обувка, здравје“, изјави Филипче.

Тој додаде дека дополнителен удар врз граѓаните се зголемените цени на енергенсите.

„Кога на ова ќе се додаде зголемената цена на струјата, на парното, јасно е дека оваа власт е загрижена само за своите џебови, не за стандардот на граѓаните“, рече Филипче.

На брифингот, Филипче посочи дека и состојбата со јавните финансии е алармантна.

„Буџетската дупка е огромна, близу една милијарда евра. Минималната плата е под 500 евра, што е најниска во регионот, без тенденција да расте. Намалени сре средствата за социјално ранливите категории. Никакви мерки за најсиромашните нема.Само популистички најави на премиерот и на владата. Никакви мерки за семејствата со повеќе деца, за невработените, за вработените во неформалните сектори“, нагласи Филипче.

Притоа, тој потсети дека во периодот на владите на СДСМ и во најголемите кризи, се носеа мерки за реални помош за секој граѓанин.

„Ние имавме вистински политики и во огромни кризи кои што не може да се споредат со овие околности. Растеа и платите и просечната и минималната. Донесовме систем за зголемување на пензиите, не упад во системот, како што сега го прави власта.Социјалната помош се зголеми за 300 проценти. И сега дадовме решение за раст на минималната плата, за намалување на ДДВ то на храната, на струјата, но власта сето тоа го одби “, посочи Филипче, додавајќи дека сè што прави владата на ВМРО-ДПМНЕ сега, се задолжувања – шест милијарди евра ново задолжување и 20 илјади фунти по мигрант, тоа е нивната економска политика.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: ЗНАМ најави „историски трансфер“ на Деспотовски?

ДЕСК

ДОАЃА СНЕГ НИЗ ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА: Метеоролозите најавуваат драстична промена на времето – објавена е четиридневната прогноза

ДЕСК

НОВИ РЕСТРИКЦИИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ: Ќе се забрани пушење по кафулиња, ресторани, но и во вашиот автомобил – електронските цигари на исто ниво со нормалните

ДЕСК