Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Млада скопјанка се наполнила со пари на туѓа мака – еве како измамила повеќе луѓе

По преземени мерки, односно по лишувањето на 23 годишна жена од Скопје и расчистувањето на три кривични дела „измама“ и едно кривично дело „измама“ во обид над лица од Тетово, Одделот за криминалистичка полиција, по преземени дополнителни понатамошни мерки и активности во кординација и соработка со сите Сектори за внатрешни работи, на 08.01.2026 реализираше уште осум кривични дела „измама“, од кои по едно на подрачјето на СВР Куманово и СВР Штип и по три на подрачјето на СВР Струмица и СВР Велес.

Имено, таа беше лишена од слобода на 07.01.2025 во Скопје, постапувајќи по претходна пријава од лице од Тетово дека се обидела да го измами со наводно издавање под наем во Тетово. По завршената постапката со мерките и активностите, врз основа на претходно решение, девојката е спроведена во Казнено – поправната установа Затвор Идризово“ за издржување на казна затвор во траење од шест месеци.

Додека, по целосно документирање и расчистување на кривичните дела, од страна на Секторите за внатрешни работи ќе бидат изготвени и поднесени соодветни пријави против лицето за сторени вкупно седум кривични дела „измама“, едно кривично дело „измама“ во обид и четири кривични дела „измама“ по приватна тужба.

Можеби ќе ве интересира

Одлична можност за младите македонски граѓани кои сакаат да стапат во служба на Армијата, објавен е новиот Јавен оглас за прием на 300 професионални војници

ДЕСК

Мицкоски: Инвестицијата во далекуводот Битола-Елбасан значи спасен проект од сигурно пропаѓање

ДЕСК

Претседателот на Собранието Африм Гаши и Народниот правобранител Фатон Сељами потпишаа Меморандум за соработка

ДЕСК