Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Претседателот на СДСМ, Филипче за Божиќ: Да градиме праведно и слободно општество, младите тука да ја гледаат иднината

Ви благодарам на сите за присуството. Го честитам најрадосниот празник во христијанството со традиционалната честитка мир Божји, Христос се роди.

Посакувам мирни празници, посакувам весели празници на сите верници кои денес овој празник го празнуваат. Ова е традиционален повод да се собере семејството, да се соберат најблиските, да се покаже почит, да се покаже грижа. Посакувам денот да помине мирно, а во мирот во овие турбулентни времиња ни е и тоа како потребен за да можеме да продолжиме општеството да го градиме, да биде праведно, да биде толерантно, да биде слободно.

Ние во минатото имплементиравме политики коишто граѓаните вистински можеа да ги осетат да живеат подобро, побезбедно, побогато. Младите тука да ја гледаат иднината. Имплементиравме политики коишто доликуваа на развиени општества, општество во кој никој нема да се чувствува помалку вреден, без разлика дали станува збор за етничка, дали станува збор за национална, верска, некаква културна, родова, полова или сексуална ориентација. Посакувам да сите заедно градиме општество во коешто никој нема да биде дискриминиран.

Можеби ќе ве интересира

СИЛЕН ВЕТЕР НАД 80 КМ/Ч, ПА ДОЖД И ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО – Еве што ја очекува Македонија во следните денови

ДЕСК

Николоски од Охрид: Силна држава не значи само силна извршна власт, значи и силни и независни институции

ДЕСК

ДОМ: Македонија е на европското дно – Владата се фали со бројки, а платите на граѓаните траат до 10-ти!

ДЕСК