Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Одговор до ВМРО – дали го осудуваме Мадуро?

Соопштение на СДСМ:

Секако дека ги осудуваме сите кои се како Мадуро и како Мицкоски.

Ние засега можеме само со зборови да осудиме, а се надеваме дека вам наскоро ќе ви се суди според законите на оваа држава, за да не мора да доаѓаат по вас, како што дојдоа по Мадуро.

Ве осудуваме за мигранти за пари и за предавство на Македонија.

Ве осудуваме за 161 тендер за една компанија, за 9 милиони евра за друга, за 1,2 милиони евра тендери од Пошта.

Ве осудуваме за Резолуцијата за забрана за говор по примерот на Хитлеровиот декрет. Сите 65 пратеници – потписници на тој Декрет за укинување на демократијата и слободата на говорот.

Ве осудуваме за Алта банка и поврзаноста со Вучиќ.

Нашата помош ќе биде тоа што Антикорупцискиот тим на СДСМ работи 24/7, за кога судовите ќе бидат слободни и независни, врз основа на собраните докази, брзо да можат и да пресудат.

Така, по овие наши осуди со зборови, да ги дочекаме и вистинските пресуди.

Да платите за сè, за корупцијата и криминалот, за секое прекршување на законот и за штетата врз граѓаните и иднината на Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Работникот не е изморен само од работа, туку од тоа што трудот не носи мир

ДЕСК

Мицкоски: Од Владата до општините за капитални инвестиции се предвидени половина милијарда евра

ДЕСК

Првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали ја отвори МБТ конференцијата 2026 во Скопје

ДЕСК