Centar.mk
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Снег за Божиќ ќе “трупа” во Македонија: Синоптичарите најавуваат значителни промени со времето, детална прогноза за следните 4 дена

Во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни (над 25 l/m²) во среда попладне и во текот на ноќта, кога во западните делови ќе преминуваат во снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).

Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе бидат претежно од снег. Во западните делови се очекува да се формира нова снежна покривка. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег.

Прогноза за 07.01.2026
Минимална температура: 6°C до 11°C
Максимална температура: 10°C до 16°C

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, наместа пообилни (над 25 l/m²). Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).

Прогноза за 08.01.2026
Минимална температура: 1°C до 6°C
Максимална температура: 3°C до 11°C

Променливо облачно со повремени локални врнежи од снег, а во пониските места од дожд и снег. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северозападен правец (над 60km/h).

Прогноза за 09.01.2026
Минимална температура: -6°C до 2°C
Максимална температура: 3°C до 10°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има повремен локален дожд, а на планините снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Можеби ќе ве интересира

(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски

C +

Уништени над 1 тон небезбедна храна од продавниците за здрава храна

C +

Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски

C +