Centar.mk
ИЛУСТРАТИВНА СЛИКА / фото МВР
МАКЕДОНИЈА

Трагедија: Загина пешак во Скопје, уапсена 40 годишна жена-возач

На 04.01.2026 во 00:45 часот во с.Волково, скопско, полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода 40-годишната М.С. од Скопје.

Претходно, на 03.01.2026 во 20:55 часот на ул.„100“ во с.Волково, таа со патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувала, удрила во пешакот Г.И.(60) од с.Волково. Од здобиените повреди пешакот Г.И. починал на местото, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена пријава по член 300 од Кривичниот законик.

Можеби ќе ве интересира

ОД ВТОРНИК СЛЕДУВА ЗАТОПЛУВАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА – Температурите ќе достигнат до 19 степени, но се најавуваат магла, дожд и силен ветер

ДЕСК

ПЕТ ПРИЈАВИ ЗА НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИ – Во едно деноноќие пријавени демнење, закани и напади

ДЕСК

ОД УТРЕ ПОВТОРНО ДОЖД – Промена на времето, на планините можен слаб снег

ДЕСК