Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Доцна е за ВМРО да се оградува од СНС и Вучиќ

Соопштение на СДСМ:

По акцијата на САД во Венецуела каде цел беше Мадуро поради криминални активности ВМРО сака да се огради од СНС и Вучиќ.

Ја видоа ли вчерашната панична реакција на нивниот Вучиќ во медиумите во Србија со навредливи текстови за Македонија?

Доцна е сега да се оградува ВМРО од СНС, поврзаноста на ДПМНЕ на Мицкоски со СНС на Вучиќ сите многу добро ја знаат.

Политиките им се исти, Мицкоски го спроведува истото сценарио на неговиот „стрико“ Вучиќ, по рецептот „copy-paste”, поврзани се како сестрински партии и секако поврзани се преку бизнис релациите кои СДСМ ги откри со скандалот Алта банка.

Дури СНС ја води и кампањата на ВМРО – copy-paste кампања.

Исто како што не можат да се оградат ниту од Орбан, кого Мицкоски во последното интервју го нарекува „блискиот пријател“. Се фали ВМРО со Орбан, нивните кујни објавуваат како претседателот Трамп го примил, а забораваат дека Трамп го прими и Вучиќ, па потоа Вучиќ го прими Кушнер и на крај се откажа милионски бизнис поради корупција.

Тоа е познатата оска Орбан-Вучиќ-Мицкоски. Проблем за оваа оска на големи пријатели е што се отворија случаи на криминал и корупција, проблем е што во САД се носи Закон за Западен Балкан со фокус на борбата против криминалот.

Сега се обидуваат да се „исперат“. Доцна е.

Можеби ќе ве интересира

Возел 188 на магистрален пат, полицијата го уапсила

ДЕСК

Крвав инцидент во Кичево – еден ранет

ДЕСК

Во прекин сообраќајот кај Меџитлија за товарни возила

ДЕСК