Соопштение на СДСМ:
Планот за избори па мигранти постои, СДСМ во најави – Мицкоски го потврди
Планот предвремени избори а потоа мигранти за пари постои, СДСМ го најави уште пред речиси еден месец а сега Христијан Мицкоски само го потврдува.
Сè што СДСМ досега го најави се одвива пред очите на граѓаните.
За мигранти во Македонија пишуваа британски медиуми а гледаме дека веќе пристигнуваат во регионот, како на пример во Косово, Албанија. Македонските граѓани беа сведоци дека на плоштадот во Скопје имаше тепачка меѓу мигранти.
Сега веќе на сите им е познато сценариото: Мигранти за пари, но пред тоа избори.
На Мицкоски и неговата клика им се брза. Затоа тоа што АКТ им го објави криминалот и корупција со тендери, заради тоа што нема пари во буџетот, заради случувањата во регионот каде неговите најблиски пријатели како Орбан и Вучиќ се соочуваат со проблеми во сопствените земји, исто така поврзани со криминал и корупција.
И во исто време САД носат Закон за Западен Балкан со фокус на борбата против криминалот и корупцијата.
Дали сега на сите им е јасно?
СДСМ ја продолжува борбата за правда се подготвува да ја врати власта во рацете на граѓаните. Бидејќи тоа нема да бидат избори за нов мандат на влада туку референдум за иднината на државата!
Избор меѓу европска иднина или криминал и корупција.
Избор помеѓу изолација или интеграција.


