Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

И тоа се случува: Украле клупа од улица, полицијата ги нашла натоварени во нивниот форд

На 03.01.2026 во 22:00 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишија од слобода лице(23) и лице(26), двајцата од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека на улица „Видое Смилевски Бато“ во Кавадарци одзеле клупа, сопственост на општина Кавадарци. Полициските службеници извршиле преглед на патничко возило „форд“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од едното лице, каде била пронајдена и одземена клупа.

Тие се приведени во полициска станица, одземеното ќе биде вратено на сопственикот и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Времето се влошува: Дожд и снег со локално над 50 l/m² – детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Мицкоски на средба со Орбан и говор на научната установа MCC: Македонија и Унгарија градат силно стратешко партнерство, економијата е во фокусот

ДЕСК

Трагедија го потресе Скопје: 38 годишен маж пронајден починат, а до него имало пиштол – претходно бил пријавен за исчезнат

ДЕСК