Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Затворен патот кон ХЕЦ Козјак поради голомразица

Патниот правец кон ХЕЦ Козјак е затворен за сообраќај поради појава на голомразица, информираат надлежните служби. Возачите се повикуваат на зголемена внимателност и да не се упатуваат кон овој правец сè додека не се подобрат условите за возење.

Во меѓувреме, сообраќајот на регионалниот пат Дебар – Маврово е нормализиран и се одвива без поголеми проблеми. На останатите државни патишта, сообраќајот тече непречено, по наместа влажни коловози.

Потсетување дека од 15 ноември 2025 година е во сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без разлика на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе важи до 15 март 2026 година.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини, од македонска страна, засега нема подолги задржувања за влез и излез од државата./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

До крајот на работната недела сонце, а потоа промена на времето – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Агресивно се однесувал кон полицајци – веднаш е приведен

ДЕСК

Отишол во полиција и побарал да му извадат уште една возачка дозвола – еве што му се случило потоа

ДЕСК