Centar.mk
фото скриншот/видео на МВР
-МАКЕДОНИЈА

Апсења на пијани возачи низ целата република – сите однесени во станица

На 03.01.2026 во 02:47 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода маж(55) од Куманово. При сообраќајна контрола на бул.„Трета македонска ударна бригада“ во Куманово е сопрено патничко возило „фолксваген артеон“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,50 промили алкохол во крвта.

На 03.01.2026 во 01:30 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода маж(28) од с.Рожден, кавадаречко. При сообраќајна контрола на ул.„Љубашка“ во Кавадарци е сопрено патничко возило „сеат“ со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,71 промили алкохол во крвта.

На 03.01.2026 во 03:20 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода маж(39) од Кавадарци. При сообраќајна контрола на ул.„Миле Вчков“ во Кавадарци е сопрено патничко возило „фиат“ со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,70 промили алкохол во крвта.

На 03.01.2026 во 01:13 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода маж (38) од с.Чешани, општина Дебрца. При сообраќајна контрола на бул.„Туристичка“ во Охрид е сопрено патничко возило „пежо“ со охридски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,21 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случаите против нив ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Протерување на младите умови, предлог-Законот ги деградира младите кадри

C +

Поплави во повеќе региони во земјава – евакуирани 220 лица во Кичево, критично во Форино, поплавени куќи, ниви, подруми

C +

Министерство за транспорт: Во дијалог со Европската Комисија се операционализираат решенијата соодветно на барањата на македонските превозници

C +