Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Пронајдени и одземени 10 килограми кокаин во возило, лишен од слобода возачот

На 31.12.2025 година околу 14:30 часот во с. Горно Количани, скопско од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје било сопрено патничко возило „бмв х5“ со скопски регистарски ознаки управувано од И.Е.(26) од Скопје. Поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик возило е одземено за понатамошна проверка.

На 01.01.2026 полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје во координација со полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, службеници од Царинската управа со службено куче по претходно обезбедена судска наредба извршија претрес во возилото, при што во импровизиран бункер во подвозјето на возилото пронајдени се и одземени околу 10 килограми кокаин.

Пријавениот И.Е. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава.

Можеби ќе ве интересира

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија поради неговите антимакедонски ставови

ДЕСК

Цветановски: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата, ова се неговите лаги

ДЕСК

Ноќна драма во Гевгелија: Возел со 1,72 промили, учествувал во незгода и избегал

ДЕСК