Centar.mk
фото Царина
-МАКЕДОНИЈА

Царинска управа: Спречен обид за нелегално тргување со пиротехнички средства – запленети над 40 илјади парчиња петарди и огномети, кривична пријава за едно лице

Во акција на мобилен царински тим, запленети се 40.872 парчиња пиротехнички средства – петарди и огномети, ризични по здравјето на граѓаните. Поведена е кривична постапка против сторителот, македонски државјанин од Гостивар, при што поднесена е кривична пријава за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и со експлозивни материи, казниво по Кривичниот законик.

Делото е откриено на граничен премин Блаце, при преглед на возило со швајцарски регистарски таблички. При претресот, царинските инспектори од мобилниот тим, забележале дека задните седишта се спуштени напред, при што целиот тој простор и багажникот од автомобилот биле исполнети со пиротехнички средства. Во текот на истрагата е утврдено дека сторителот ги набавил нелегалните распрскувачки материи од Приштина и истите сакал противзаконски да ги внесе во Македонија.

Нагласуваме дека употребата на нелегални пиротехнички средства претставуваат сериозна закана по безбедноста и здравјето на граѓаните, особено најмладите. Царинската управа и понатаму ќе продолжи со засилени контроли и координирани активности со надлежните институции со цел спречување на нелегалната трговија и заштита на јавната безбедност.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода поранешниот претседател на ФФМ, поднесена кривична пријава за проневера

ДЕСК

Мицкоски: СДСМ направи историска капитулација со Бугарија, само мекотели политичари кои клечат на колена како Филипче изјавуваат дека ние сме ја провоцирале Бугарија

ДЕСК

Мицкоски: На следните избори останува техничката влада, предложеното законско решение е за техничката влада за изборите потоа, стравот на Филипче е дека и тие избори ќе ги изгубат

ДЕСК