Centar.mk
фото Screenshot/МВР
МАКЕДОНИЈА

ДРСКА КРАЖБА СРЕДЕ БЕЛ ДЕН ВО ЗЛАТАРА ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ: Лишени од слобода двајца романски државјани

На 30.12.2025 во 12:10 часот во трговски центар на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишија од слобода В.Л.П.(19) И Ф.И.П.(19), двајцата од Романија, поради сомнение дека извршиле кражба во златарница во трговскиот центар.

Имено, претходно, тие влегле во златарницата и побарале да разгледаат златен накит, а откако била извадена футрола со употреба на сила ја земале од вработената и побегнале. Набргу, по преземени мерки, на излез од трговскиот центар се фатени и лишени од слобода и кај нив се пронајдени 43 парчиња златен накит. Одземеното е вратено на сопственикот и по целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

ЦИКЛОН НОСИ ОБИЛНИ ВРНЕЖИ НА ДОЖД, ВО ДЕЛОВИ ОД МАКЕДОНИЈА ЌЕ ТРУПА СНЕГ: Синоптичарите објавија изненадувачка четириденевна прогноза

ДЕСК

Мицкоски: АД ЕСМ ги задоволува потребите на граѓаните и конзумот и продаваат струја навечер со што имаме дополнителни приходи од страна на потрошувачите

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска: И покрај предизвиците и притисокот во Буџетот, Владата внимателно и навремено презема мерки и одлучува во интерес на граѓаните и бизнисот

ДЕСК