Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

СДСМ бара Јавното обвинителство да отвори предмет за тендерот од 1,2 милиони евра

– Јавното обвинителство не смее да молчи за криминалните тендери туку да делува. Обвинителството мора веднаш да отвори предмет и да започне истрага за скандалозниот тендер од 1,2 милиони евра во АД Пошта, доделен на фирма на советник од ЗНАМ, се вели во реакцијата на СДСМ.

– Антикорупцискиот тим објави конкретни наводи и докази од свиркач, вработен во Пошта за организирано испумпување јавни пари и системска кражба на пари од граѓаните.

Постојат основани сомнежи дека над 300.000 евра годишно, пари на граѓаните, се вадат преку корупциски шеми.

Како? Според наводите, недостасуваат постојано околу 14 хигиеничари а други работата со половина работно време и покрај тоа што за сите нив се исплаќа целосен износ, како да се вработени и присутни цел ден.

Како се прикрива сето ова?

Со потпишување лажни дневници за отсутни хигиеничари, лажни извештаи за наводни генерални чистења кои никогаш не се реализираат.

Ако институциите не постапуваат значи дека се заштитници на криминалот на ВМРО и ЗНАМ.

Бараме Јавното обвинителство да отвори предмет и итно да покрене истрага.

Секој што го прекршил законот мора да одговара.

Работата не е завршена, соопштија од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Какво ќе биде времето за дочекот на Новата година и 1 јануари

C +

ПРЕВРТЕНА ЦИСТЕРНА КАЈ ЌАФАСАН – Во прекин е сообраќајот на магистралниот пат Струга- ГП „Ќафасан“

ДЕСК

Забрана за вршење дејност за сопственик на познат угостителски објект во Скопје

ДЕСК