Centar.mk
фото Centar.mk
БИЗНИС

Срамно е да се фалите со покачување на минималецот за 1.500 денари, вели првиот синдикалец Трендафилов

Во интервју за Радио Слободна Европа, лидерот на ССМ, Слободан Трендафилов рече дека срамно е власта да се фали со покачување од 1.500 денари.

Во Македонија минималната плата не смее да биде под 57% од просечната плата. Но, денеска ако пресметате 57% од просечната плата, денеска минималната плата требаше веќе да изнесува 26.000 и нешто денари. Дополнително 50% од порастот на трошоците за живот и 50% од порастот на просечната плата е методологија по која се усогласува минималната плата. Ние денеска зборуваме за потреба од дополнително зголемување, затоа што никој не нè праша кога ги усогласуваа, односно ги зголемуваа цените на основните прехранбени производи, цените на електричната енергија – која еве како честитка за Нова година ја добивме, цената на нафтата и на гасот итн. Нас не нè викаат да не консултираат кога ги зголемуваат цените и затоа бараме зголемување на минималната плата. Но, вие како Влада да се фалите на 4 месеци пред законското усогласување законско на минималната плата со некои 1.500-1.600 денари и да им кажувате на работниците ’стрпете се само што не сме ви го подобриле животниот стандард со 1.500 денари‘, тоа е срамно.

Затоа велиме дека минималната плата од јануари треба да се зголеми на сите вработени во државата на најмалку 600 евра. Зошто? Затоа што владите во регионот го послушаа Сојузот на синдикатите на Македонија. Во Албанија минималната плата од јануари – 500 евра, во Косово – 430 од јануари, а од јуни 500 евра, во Србија – 550 евра, да не зборуваме за Босна и Херцеговина, вели Трендафилов во интервју за Радио Слободна Европа.

Според Трендафилов, владата има ставено јаткасти производи и егзотични овошја во нејзиниот предлог за кошничката кои работникот не може ни да си го дозволи.

Првиот синдикалец најави протести и штрајкови доколку не се покачи минималецот и предупреди дека 12.500 македонски работници добиле работни дозволи во Хрватска, нешто што треба да ги загрижи домашните компании и Владата.

фото Centar.mk

Можеби ќе ве интересира

Се токмат нови цени на горивата – РКЕ пред одлука

ДЕСК

Минималната плата ќе се зголеми за околу 30 евра, а пензиите за илјада денари – но како ќе преживеат работниците и пензионерите во време на силна инфлација и голема стапка на сиромаштија?

ДЕСК

ФРАПАНТНИ БРОЈКИ: Речиси секој четврти македонски граѓанин живее во сиромаштија

ДЕСК