Centar.mk
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

СТУД НАСЕКАДЕ НИЗ МАКЕДОНИЈА: Какво време да очекуваме за новогодишната ноќ и деновите потоа?

Во наредните денови времето ќе биде стабилно и студено со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни и наместа ќе се спуштат до -10 степени. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 30.12.2025
Минимална температура: -10°C до -3°C
Максимална температура: 3°C до 10°C

Утрото ведро и студено, преку денот ќе биде сончевосо мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарјето повремено засилен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 31.12.2025
Минимална температура: -9°C до -2°C
Максимална температура: -2°C до 6°C

Сончево и студено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарјето повремено засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 03.12.2025
Минимална температура: -10°C до -2°C
Максимална температура: 1°C до 8°C

Сончево и студено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Можеби ќе ве интересира

Променливо облачно време со температура од 11 до 18 степени

C +

СДСМ: Владата избра луксуз за себе наместо покачување на платите на работниците

C +

Снег на Попова Шапка, магла на одредени патни правци, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови

C +