Врз основа на податоците од Анкетата за приходите и условите за живеење, која се спроведува во согласност со препораките на Европската Унија, Државниот завод за статистика ги пресмета лаекенските индикатори за сиромаштија за 2024 година. Основа за пресметките на сиромаштијата се приходите, а прагот на сиромаштијата е дефиниран на 60 % од медијалниот еквивалентен приход, извести Државниот Завод за Статистика.
Во 2024 година, стапката на сиромашни лица во Република Северна Македонија изнесуваше 21.9 %.
Анализирано по типови домаќинства, стапката на сиромаштија на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца во 2024 година е 17.1%. Според најфреквентниот статус на економската активност, стапката на сиромашни вработени лица е 7.9 %, додека стапката на сиромашни пензионери е 12.0%. Коефициентот на Џини (мерка за нееднаквоста во распределбата на приходите) изнесува 29.1 %.
| 2024 | |
|---|---|
| Стапка на сиромашни лица, % од населението | 21.9 |
| Праг на сиромаштија за самечко домаќинство, годишен еквивалентен приход во денари |
178 286.0 |
| Праг на сиромаштија за четиричлено домаќинство (2 возрасни и 2 деца помали од 14 години), годишен еквивалентен приход во денари |
374 400.0 |
| Стапка на сиромашни лица пред социјалните трансфери и пензии, % од населението |
39.4 |
| Нерамномерна распределба на приходите, S80/S20 квинтилен сооднос на приходите, % |
5.2 |
| Коефициент на Џини, нерамномерна распределба на приходите, % | 29.1 |
| Вкупно | Мажи | Жени | |
|---|---|---|---|
| Вкупно | 21.9 | 21.8 | 22.0 |
| 0-17 | 29.5 | 29.3 | 29.7 |
| 18-64 | 20.0 | 19.9 | 20.0 |
| 65 и повеќе | 20.1 | 19.5 | 20.7 |
| 2024 | |
|---|---|
| Домаќинства без издржувани деца | 16.8 |
| Самечки домаќинства (еден возрасен член помлад од 65 години) | 28.7 |
| Самечки домаќинства (еден возрасен член на возраст од 65 години и повеќе) | 23.2 |
| Самица | 27.1 |
| Самец | 22.1 |
| Домаќинства од двајца возрасни помлади од 65 години | 18.4 |
| Домаќинства од тројца и повеќе возрасни | 9.5 |
| Домаќинства со издржувани деца | 25.2 |
| Самохран родител со издржувани деца | 45.8 |
| Домаќинства од двајца возрасни и едно издржувано дете | 14.6 |
| Домаќинства од двајца возрасни и две издржувани деца | 17.1 |
| Домаќинства од двајца возрасни и три и повеќе издржувани деца | 54.8 |
| Домаќинства од двајца возрасни | 21.6 |
| Вкупно | Мажи | Жени | |
|---|---|---|---|
| Вработени | 7.9 | 11.2 | 3.2 |
| Невработени | 45.7 | 54.7 | 35.6 |
| Пензионери | 12.0 | 17.0 | 4.8 |
| Други неактивни лица | 38.5 | 32.7 | 39.8 |
| 2024 | |
|---|---|
| Стапка на сиромаштија по социјалните трансфери | 21.9 |
| Стапка на сиромаштија пред социјалните трансфери | 39.4 |
| Стапка на сиромаштија пред социјалните трансфери со вклучени пензии | 24.0 |
извор Државен Завод за Статистика


