Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Координирана операција на ВМРО за уривање на СДСМ одвнатре

Прес конференција на СДСМ, Петар Огњеновиќ, член на Извршен одбор:

Правиме уште едно разоткривање на организираната кампања која се води против СДСМ од страна на власта.

Како што веќе најавивме, во изминатиот период ВМРО спроведува координиран обид за уривање на СДСМ одвнатре.

Зошто?

Затоа што Антикорупцискиот тим АКТ изнесе сериозни податоци за криминал и корупција на владата на ВМРО преку тендери.

Цел еден систем, еден октопод кој е инструиран од СНС и кој во целост управува со коалицијата ВМРО–ЗНАМ ја спроведува оваа кампања.

Граѓаните можеа да ги видат овие обиди секој ден.

Прво имаше настапи на еден поранешен функционер. Потоа излегоа наводни иницијативи на двајца поранешни функционери кои јавно не се појавија. Па се вклучија целосно ирелевантни ликови кои одамна не се дел од СДСМ, туку завршија во ЗНАМ.

Сите во исто време, откако СДСМ се крена и АКТ почна да ги објавува доказите.

Вчера имаме и конкретен, свеж пример, имаме уште еден доказ.

Еве како функционира кампањата против СДСМ во три чекори:

1.Еден наш член, Јован Деспотовски, по неуспешното медиумско прво обраќање, ја продолжи кампањата против СДСМ во еден сериозен и релевантен медиум. Станува збор за поранешен функционер на СДСМ и поранешен директор на големи државни фирми, ФИТР и ТИРЗ, со големи буџети.

2.Неполни две минути по објавата на тој текст, се појавува однапред подготвен, обемен текст на истата тема на еден од добро познат портал – на Героски.

Тоа може да значи само две работи: или одговорите биле однапред испратени и координирани, или текстовите биле пишувани во директна координација со Геро.

Со тоа, тие не само што се разоткрија себеси, туку го нарушија и угледот на релевантниот медиум каде што беше објавен авторскиот текст.

Паниката ги натера да брзаат – а брзањето носи грешки.

3.За неколку часа, истиот портал објави нов текст, а доцна попладнето и уште еден текст, целосна колумна на Героски за одбрана на Деспотовски.

Сега дали е сè кристално јасно?

Ова е уште едно јавно разоткривање на начинот како функционира овој систем.

Целта е рушење на СДСМ и замолчување, да прекинеме со објавувањето на криминалот на власта.

Да бидеме јасни: Нема застанување. АКТ работи и се ќе објавиме!

СДСМ нема да се повлече. Вистината и правдата ќе победат.

Работата не е завршена.

Линк до видео: https://www.youtube.com/watch?v=fAlwRynod_s

Можеби ќе ве интересира

Претрес во Штип, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

ДЕСК

Со брза реакција на полицијата, пронајдено е возилото на косовски државјанин само неколку часа откако беше пријавено за одземено

ДЕСК

Расчистена кражба во куќа во Тетово, пронајден е сторителот и дел од парите, следува соодветна пријава

ДЕСК