Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Кавадарчанец падна од карпа додека бил на лов и загина, пожарникарии го ваделе телото

Кавадарчанец загинал по пад од карпа при лов, a пожарникари вчера го извлекле телото. Пожарникарите за да го извлечат телото се движеле по тесни и лизгави карпи.

– До нас беше пристигнато барање за извлекување на безживотно тело на наш сограѓанин кој доживеал несреќа при лов, паднал од карпа висока 150 метри. Веднаш одговоривме на барањето и интервениравме со петмина пожарникари и опрема за работа на височина (алпинистичка опрема). Со придружба од четворица припадници на МВР Кавадарци и двајца членови на фамилијата се упативме кон длабокиот и непристапен стрмен терен. Поради тоа што телото на нашиот сограѓанин се наоѓаше на непростапен и непрооден терен, моравме да користиме опрема за алпинизам, да се врзиме и обезбедиме меѓу себе, да не дојде до дополнителни незгоди, информираат од ТППЕ Кавадарци.

Додаваат дека по целодневен напор по екстремно тешкиот терен телото успешно било извлечено од длабоката бездна и било предадено на органите за безбедност./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Претрес во Штип, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

ДЕСК

Со брза реакција на полицијата, пронајдено е возилото на косовски државјанин само неколку часа откако беше пријавено за одземено

ДЕСК

Расчистена кражба во куќа во Тетово, пронајден е сторителот и дел од парите, следува соодветна пријава

ДЕСК