Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА СТУД СО ТЕМПЕРАТУРИ ДО -10 СТЕПЕНИ: Синоптичарите со нови најави за предновогодишните денови

Следува период на стабилно и студено време со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни, особено во првите денови од следната седмица, кога наместа ќе се спуштат до -10 степени. Во деновите од викендот ќе дува засилен до силен северен ветер (локално над 60 km/h.

Прогноза за 28.12.2025
Минимална температура: -8°C до -2°C
Максимална температура: 3°C до 11°C

Утрото ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен до силен ветер од северен правец (над 60 km/h).

Прогноза за 29.12.2025
Минимална температура: -9°C до -2°C
Максимална температура: 2°C до 10°C

Утрото ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, претпладне вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 30.12.2025
Минимална температура: -10°C до -3°C
Максимална температура: 3°C до 10°C

Утрото ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Можеби ќе ве интересира

Смени и освежување во ВМРО ДПМНЕ: Избрани 30 нови претседатели на општински комитети, познати се имињата

ДЕСК

Нова ера за македонското здравство: Три клинички болници и здравствен комплекс вреден 1,5 милијарди евра

ДЕСК

Покачување на 50 отсто на пензиите ако дојде СДСМ на власт – најави Тренчевска

ДЕСК