Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Почна, нов дефокус со кривични пријави

Соопштение на СДСМ:

Секогаш кога ВМРО Ванчовистичка е фатена во криминални тендери, поскапа струја, мигранти за пари или Резолуции против слободата на говор посегнува по проверените методи за одвлекување на вниманието на јавноста.

Тоа го прават или со лажни вести од кујните за дефокус или со кривични пријави.

Copy-paste рецепти од времето на Никола Груевски и по методите на Вучиќ.

Последниот пример е поднесената кривична пријава од МВР за поранешниот градоначалник на СДСМ од Пробиштип и тоа за поништено Решение од негова страна.

Дека станува збор за класичен дефокус од криминалите на ВМРО Ванчовистичка потврдува и настанот кој се случил само пред два дена.

При инспекциска контрола на објект во сопственост на началникот на ОВР Пробиштип биле утврдени низа неправилности. Објектот од намена училиште е пренаменет во ресторан, со узурпација на државно земјиште, за што постојат претходни постапки и правосилна судска пресуда. За ова зборува цел Пробиштип.

Ова е класичен политички прогон и обид за дефокусирање на вниманието на јавноста.

Ама нема да им помине. Прочитани се!

Можеби ќе ве интересира

Филипче до Мицкоски: Ги оставивте работниците без поголеми плати

C +

Мицкоски до Филипче: Сто пати ви кажав, за ЕУ нема да водиме мекотелна политика

C +

Филипче: Од Владата на Мицкоски граѓаните веќе не може да очекуваат ништо, можеби банкрот

C +