Centar.mk
БИЗНИС

Исплатени субвенции, плати, К-15 – соопшти Министерство за финансии

Mинистерството за финансии продолжува со редовна исплата и реализација на доставените налози од буџетските корисници, кои што согласно насоките ги доставуваа налозите до 15 декември 2025 година.

Преку трезорот во изминатите неколку денови се реализирани исплати за субвенции за зелена нафта, субвенции за овчарство, средства за коридорите 8 и 10 д, исплата на две транши кон Развојната банка за домашните компании, средства за примарна здравствена заштита и други тековни налози.

Меѓу реализираните налози исто така во текот на изминатата недела се и средства за проекти за самовработување во рамки на Оперативниот план за вработување, како и средства за поврат на придонеси кон заштитни организации.

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃААТ ПАРИ ЗА ЛИЦАТА КОИ ПРИМААТ СОЦИЈАЛНА ПОМОШ: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

ДЕСК

Телеком влегува во партнерство со Министерството за дигитална трансформација и Британскиот совет за „Училишта на 21 век“

ДЕСК

Објавена листа со имиња на фирми и луѓе: Кој колку должи за данок кон државата?

ДЕСК